Полска потпиша договор за заем од 450 милиони евра со Банката за развој на Советот на Европа. Средствата ќе бидат наменети за справување со бранот бегалци кои ја напуштија Украина по руската воена операција.
Приближно 4,3 милиони бегалци пристигнале во Полска откако Русија ја почна операцијата во Украина на 24 февруари. Полска им обезбедува бесплатно сместување, социјална и медицинска нега, образование и можности за вработување.
Голем број од украинските бегалци, кои пристигнаа во Полска се преселија во други држави, некои одлучија да се вратат дома, но се проценува дека половина од нив останале во Полска.
Претходно овој месец, полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакна дека процедурите за донесување одлуки во Европската Унија „понекогаш се премногу бавни“.
Советот на Европа е составен од 46 земји, вклучувајќи ги и земјите членки на ЕУ, и има за цел да ги заштити човековите права, демократијата и владеењето на правото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.