Полска уапси руски професионален хокеар на мраз под обвинение за шпионажа, соопшти денеска Обвинителство во Варшава, додавајќи дека тоа е 14. лице уапсено од една шпионска мрежа.
Рускиот хокеар е одведен во притвор во јужната полска област Шлеска. Неговиот идентитет, како и полскиот хокеарски тим за кој настапувал, не се јавно обелоденети. Обвинителите само наведоа дека пристигнал во Полска во октомври 2021 година.
Полска, која е клучната земја на западната воена поддршка на Украина, тврди дека станала главна цел на руски шпиони и ја обвинува официјална Москва дека се обидува да ја дестабилизира земјата.
Руските шпиони паѓаат еден по еден!, напиша полскиот министер за правда Збигњев Зиобро на својот Твитер профил.
„Уапсен е шпион кој делувал под закрила на спортист. Русинот беше играч на прволигаш“, додаде полскиот министер.
Доколку биде прогласен за виновен на приведениот руски хокеар му се заканува казна затвор до десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.