Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, потпиша договори со американските компании за производство на оружје, „Рајтеон и „Локхид Мартин“, кои обезбедуваат производство и поправка на елементи за националниот систем за противракетна одбрана со среден дострел „Висла“.
Вкупната вредност на договорот е околу 250 милиони долари. Во согласност со него, во Полска ќе се основа производствена и поправна база за постројките на системот „Висла“, вклучувајќи ги радарите „ЛТАМДС гоуст ај“ (LTAMDS Ghost Eye) и ракетите „ПАК-3 МСЕ“ (PAC-3 MSE).
Потпишаните договори се однесуваат и на стекнување дополнителни можности за сервисирање на авиони Ф-16 и Ц-130. Покрај тоа, Полска ќе добие надлежности и лиценци за производство на гориво за ракетите Хајмарс МЛРС, како и надлежности поврзани со ракетите ПАК-3 МСЕ за системот „Висла“. За сервисирање на овие системи, ќе се создаде нова база за поправка и производство во земјата.
Офсет договорите се долгорочен договор за набавка. Офсет значи компензација обезбедена од добавувачот на клиентот во форма на поддоговори за контра трговија или инвестициски обврски.
Со други зборови: се очекува „Рајтеон“ и „Локхид Мартин“ да инвестираат дел од приходите од договорот во полската економија. Веројатно, тоа ќе се реализира преку изградба на индустриски претпријатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.