Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, изјави дека Полска ќе се подготви за можен прилив на бегалци од Украина, во случај на руска инвазија.

Тој додаде дека инфраструктурата за бегалците ќе биде поставена во близина на полската источна граница со Украина. Но, како што појасни Моравјецки, подоцна некои објекти може да бидат преместени на други места.

Моравјецки наведе дека во наредните неколку дена ќе повика тим за да се занимава со прашањата околу логистика, објекти, транспорт и инфраструктура, како и да обезбеди пристап до здравствена заштита и до образование.

Ќе им помогнеме на Украинците да ги ублажат последиците од рускиот напад – појасни тој.

Русија вчера соопшти дека дел од нејзините војниците ќе бидат повлечени по завршувањето на воените вежби, нагласувајќи дека тоа ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а руските вооружени сили ќе им се вратат на своите нормални позиции за три до четири недели.

НАТО денеска соопшти дека би го поздравил руското повлекување, но, досега, не гледа знаци на било какво значајно поместување на трупите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.