Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарните прашања соопшти дека повеќе од половина милион луѓе во Либан биле принудени да ги напуштат своите домови, а 285.000 ја напуштиле земјата.
Бројот на загинати поврзани со конфликтот се зголемил за 200 проценти во последните две недели, додека бројот на раселени лица пораснал за 385 проценти.
Од 23 септември, Израел значително ги засили ракетните напади врз голем број цели во Либан, тврдејќи дека напаѓа локации на шиитска групација Хезболах.
Хезболах го нападна Израел во знак на револт за израелскиот напад врз Газа.
Досега, над 1.700 луѓе се убиени, а речиси 10.000 се ранети во конфликтот меѓу Израел и Хезболах во последната година, покажуваат податоците на Министерството за здравство на Либан. Во последните 24 часа, израелските бомбардирања усмртиле 25 лица, а 127 се ранети.
Според информации од Меѓународната организација за миграции, најмалку 541.527 луѓе се раселени во Либан, а 285.000 ја напуштиле земјата од 23 септември. Околу 40 проценти од нив се Либанци.
Израелската армија соопшти дека уништила уште тунели и складишта со оружје на Хезболах во Либан. Според војската, многу од оружјата и муницијата биле скриени во станбени објекти, а уништените тунели биле користени од милитантите за приближување до израелската граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.