Дел од навивачите на римски Лацио нема да можат да присуствуваат на вечерашниот натпревар од првото коло во фудбалската Лига Европа против Динамо Киев во Хамбург.

Неколку навивачи се уапсени откако се обиделе да ја избегнат полициската придружба, а потоа кај нив при претрес на интервентната полиција било пронајдено ладно оружје, главно ножеви.

Германските медиуми јавуваат дека од првиот момент кога навивачите на Лацио пристигнале во градот, вкупно 60 од нив биле приведени во полициски станици.

Римскиот клуб официјално објави дека голем број навивачи на Лацио се уапсени во Хамбург и дека им е забранет влез на стадионот и натпреварот од Лига Европа.

Поради руската инвазија на Украина, клубот од Киев својот воведен натпревар во Лига Европа вечерва ќе го игра на северот на Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.