Посмртните останки на поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг денеска се кремирани на гробиштата Бабаошан во Пекинг.
Во знак на жалост знамињата се спуштени на половина копја на Плоштадот Тјенанмен во Пекинг.
На погребот на Ли присуствуваа претседателот Си Џинпинг и неговата сопруга, заедно со уште шест членови на Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија, највисокото ниво на политичка моќ во Кина, како и потпретседателот Хан Женг.
Поранешниот кинески претседател Ху Џинтао не присуствуваше на погребот но испрати венец.
Пораките за починатиот премиер ги преплавија социјалните мрежи. Платформата Веибо, која ја замени иконата „ми се допаѓа“ со цвет од хризантема, која симболизира жалост, десетици илјади луѓе оставија коментари со кои се збогуваа со Ли.
Хаштагот за тага поради смртта на Ли на Веибо имаше 430 милиони прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.