Руското Министерство за одбрана соопшти дека новата руска подморница на нуклеарен погон „Цар Александар Трети“ успешно тестирала лансирање на балистичка ракета „Булава“.
Интерконтиненталната балистичка ракета е лансирана од подводна позиција во Белото Море во близина на северниот брег на Русија и погодила цел оддалечена илјадници километри на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен исток.
Во соопштението на руското министерство за одбрана, не се прецизира кога било извршено тестирањето.
Ракетата „Булава“ е долга 12 метри, може да носи шест нуклеарни боеви глави и има дострел од 8.000 километри.
Рускиот претседател Владимир Путин во декември присуствуваше на свеченото спуштање на подморницата „Цар Александар Трети“ во морските води.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.