Руските сили брзо се повлекуваат од регионите на Киев и Чернихив во северна Украина со цел да се зајакнат на истокот и југот на земјата и цврсто да ги диктираат своите услови, изјави денеска Михаил Подолјак, советник на украинскиот претседател.
Со оглед на овој факт и сите движења и концентрација на окупаторските сили, сосема е јасно дека Русија избра друга тактика како приоритет, напиша Подолјак на Телеграм.
Според него, руските сили настојуваат „да се повлечат на исток и југ, да ја задржат контролата над огромните окупирани територии (не само во регионите Доњецк и Луганск) и таму да се зајакнат“.
Се разбира, не можеме без тешко оружје ако сакаме да го деблокираме Истокот и (јужниот регион околу) Херсон и да ги одбиеме Русите колку што е можно повеќе, вели Подолјак.
Во меѓувреме, гувернерот на Чернихивската област, Вјачеслав Чаус, посочи дека регионалниот центар Чернихив, кој веќе е уништен од борбите во последните недели, не бил цел на нови напади ноќеска. „Русите се повлекуваат од регионот на Чернихив, рече тој.
Гувернерот на регионот Полтава Дмитриј Лунин, пак, рече дека руски проектили рано утрово погодиле два града во централна Украина, Полтава и Кременчук, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради.
Полтава. Проектил погоди еден од инфраструктурните објекти во текот на ноќта. Кременчук. Многу напади на градот утрово, напиша Лунин во објавата на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.