Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум кој ја собира светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот.

Овогодишниот форум, кој ќе трае до петок, се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе се осврне на голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот.

Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц.

Оваа година на Форумот во Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други.

Од американска страна ќе учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и специјалниот претседателски претставник за климата Џон Кери.

Саливан најверојатно ќе присуствува на завршниот состанок на советниците за национална безбедност на Украина.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој исто така е меѓу учесниците на Светскиот економски форум.

Меѓу големите имиња од светот на бизнисот во Давос оваа година се Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, креаторот на четботот ChatGPIT. Се очекува тој да ја разгледа безбедноста и довербата во технологиите заедно со министерот за финансии на Велика Британија, Џереми Хант и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.

На овогодишниот Светски економски форум ќе присуствуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателот на Светска банка, Аџај Банга, генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.