Во Њујорк денеска почнува судски процес протива поранешниот американски претседател Доналд Трамп за силување, откако Е.Џин Керол (колумнистка во „Elle“) во граѓанска тужба го обвини за силување во гардероба на стоковна куќа во средината на деведесеттите години на минатиот век.

Трамп ги нарече нејзините тврдења „лажни“ и „тотална измама“ во објавата од октомври 2022 година на неговата платформа „Truth“.

Тој додаде дека таа го измислила состанокот со него за да ги промовира своите мемоари во кои вели дека тој не е нејзин тип. Судењето се очекува да трае една до две недели.

Неговите адвокати рекоа дека тој нема да сведочи, а адвокатите на Керол не планираат да го повикаат да сведочи.

Керол бара неодредена отштета, вклучително и компензација за голема болка и страдање, долгорочни психолошки ефекти и нарушување на нејзината приватност, изјавија нејзините адвокати.

Судијата во случајот  нареди на адвокатите на почетокот на граѓанската тужба да ги спречат своите клиенти и сведоци да даваат јавни изјави што може да доведат до насилство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.