Претседателот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, почина по долго и тешко боледување.
По тешко и долго боледување почина Владимир Жириновски. Голем и талентиран политичар, човек со длабоко разбирање за светот. Тој предвидуваше многу. Лидер на партијата ЛДПР во Државната Дума, секогаш беше во центарот на настаните. Тој беше толку голема личност што без него е тешко да се замисли историјата на развојот на политичкиот систем на модерна Русија – напиша претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин на својот канал на Телеграм
Володин додаде дека најдобра оценка за активностите на Жириновски е стабилната поддршка од гласачите.
За сите нас ова е непоправлива загуба – истакна Володин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.