Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти починал во својата резиденција во Ватикан, на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече поради нарушено здравје.

Бенедикт ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година.

Тој ги помина своите последни години во манастирот „Mater Ecclesiae“ внатре во Ватикан.

Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот „Mater Ecclesiae“ во Ватикан, се вели во соопштението на Ватикан.

Иако поранешниот папа беше болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста. Во средата, папата Франциск на неговата последна аудиенција за годинава во Ватикан повика на „посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.