Командантот на првиот баталјон на украинската единица „Азов“, Олех Мудрак почина по шест месеци во руско заробеништво и преживена експлозија во логорот Оленивка, потврди преку „Инстаграм“ неговиот братучед Данило, но не ја откри причината за смртта.
Мудрак беше ослободен од руско заробеништво во септември минатата година.
„Украинска правда“ потсетува дека Мудрак се биреше во Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки борби за челичарницата „Азовстал“ по почетокот на руската воена операција во Украина. Руските сили го фатија откако украинските сили се предадоа во Азовстал, а во септември беше вратен во Украина како дел од размена на затвореници.
Веста за смртта на Мудрак на Твитер ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Заедно со изразите на сочувство, тој прикачи и фотографија на која се гледа Мудрак пред и по руското заробеништво.
Oleh Mudrak, commander of Azov’s 1st Battalion, defended Azovstal. Then he went through 6 months of Russian captivity.
Today his heart stopped beating. His nephew wrote: “Oleh lit up the hearts of everyone around him.”
RIP, Hero.
Photos: before and in Russian captivity. pic.twitter.com/jPVDB9JqZ7
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 22, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.