Индискиот магнат, Субрата Рој, основачот на Сахара Индија Паривар, почина во средата на 14 ноември, на 75-годишна возраст, соопшти „Сахара груп“.
Во соопштението се вели дека тој починал од срцев удар. Бил болен од рак, имал висок притисок и се борел со дијабетес. Бил примен во болницата на 12 ноември, откако му се влошило здравјето.
Роден на 10 јуни 1948 година, во Арарија, Бихар, Рој беше истакната фигура во индискиот бизнис. Имаше огромна империја која опфаќаше различни сектори: финансии, недвижности, медиуми и угостителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.