Почина жената којашто беше овековечена на една од најпонатите фотографии од Втората светск војна, како сообрќаен контролор на Црвената Армија, непосредно по заемањето на Берлин во мај 945 година. До вчера, Марија Лиманскаја беше наша современичка, а почина како ветеран на Големата патриотска војна на Советскиот Сојуз.
Лиманскаја беше наречена Бранденбуршка Мадона токму поради познатата фотографија на воениот дописник Евгениј Калдеј.
Храброто девојче учествуваше во битката за Сталинград, а беше дел од силилите коишто ги ослободија Симферопол, Белорусија и Полска од нацистите. Заедно со победничката Црвена Армија стигна до Берлин. Таму, по победата, таа помогна да се организира сообраќајот ни бомбардираните улици на градот.
Лиманскаја почина на 100 години. Оваа славна жена до последните свои денови живеше скромен живот во селото Звонаревка кај Саратов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.