Украинското обвинителство денеска соопшти дека воениот фоторепортер, Макс Левин, е убиен во Киев.

Левин од 13 март се водеше како исчезнат, а вчера е пронајдено неговото безживотно тело во селото Хута-Межихриска, во близина на Киев.

Фоторепортерот во подрачјето на Киев бил со друг новинар, Алексеј Черњишов, а кого нема податоци каде се наоѓа.

Левин беше роден во Киев во 1981 година и е татко на четири деца. Работеше како фоторепортер за голем број украински и странски медиуми. Неговите фотографии ги преземаа Ројтерс, Би-Би-Си, АП и други.

Левин е петти украински новинар, по инвазијата на Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.