Овогодинешната Нобелова награда за физика им се доделува на Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л’Хуилје за експериментите што му донесоа на човештвото нови алатки за истражување на светот на електроните во атомите и молекулите, соопшти денеска шведската Кралска академија на науките.
Тие беа избрани заради „експериментални методи кои генерираат атосекундни импулси на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“, соопшти академијата.
Настаните кои брзо се движат се влеваат еден во друг кога ги перцепираат луѓето, исто како што филмот што се состои од неподвижни слики се перцепира како континуирано движење, велат од академијата.
„Ако сакаме да истражиме навистина кратки настани, потребна ни е посебна технологија. Во светот на електроните, промените се случуваат за неколку десетини од атосекунда – атосекундата е толку кратка што во една секунда има онолку колку што имало секунди од раѓањето на универзумот“.
„Пјер Агостини, Ференц Краус и Ана Л’Хуилје покажаа начин да се создадат екстремно кратки импулси на светлина што може да се користат за мерење на брзите процеси во кои електроните се движат или менуваат енергија“, се вели во соопштението за печатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.