Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Македонија, изјави портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро во однос на одлуката на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја.
Нашиот став е многу јасен, Комисијата со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот „Основи вредности“ што со Албанија и со Македонија што е можно поскоро, откако Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот, изјави Писонеро во одговор на прашањето за ставот на ЕК за „раздвојувањето“ на Тирана и Скопје на европскиот пристапен пат.
Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.
Европскиот совет ја повика Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени, изјави Писонеро, додавајќи дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија.
Како што потврди денеска унгарското претседателство со Советот на ЕУ за МИА, КОРЕПЕР донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“.
Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.
Со ваквата одлука Албанија практично ќе биде раздвоена од земјава на патот кон членство во ЕУ, иако досега двете земји се движеа во пакет во пристапниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.