Пиштолот со кој е нанесена прострелна рана во главата на македонската инфлуенсерка Маја Јанеска која трагично го загуби животот во Јужна Африка бил во сопственост на нејзиниотт партнер, тајкунот со цигари Кајл Филипс, се првичните информации за смртта на Маја Миа, објави News24.

Филисп треба да даде изјава во полиција, но според извори на медиумот, тој одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска, и додека разговарале за понатамошните чекори тој „буквално се опколил со своите телохранители“.

Патологот се обидел да утврди дали Филипс имал одбранбени рани на телото.

Се верува дека полицијата можела да спроведе тестови за остатоци од барут од огнено оружје на оние кои биле присутни во куќата кога починала Јанеска, а ова го вклучува Филипс, бидејќи тој бил присутен во спалната соба кога се случила трагедијата.

Смртта на Јанеска во оваа фаза од истрагата не се третира како сомнителен случај, иако нејзините роднини и блиски пријатели не веруваат дека станува збор за самоубиство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.