Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, каде денеска се споделува видео oд неговата шокираност за родово-неутралните тоалети.

Лавров на денешната дипломатска средба во Москва раскажа за своето искуство од состанокот на ОБСЕ минатата година во Шведска.

Рускиот министер пред почетокот на средбата прашал за тоалетот, а бил шокиран кога му била покажана врата на која пишувало „тоалет“, но без знак за машки или женски дел.

Кога Лавров прашал дали тоалетот е машки или женски, му рекле дека е заеднички

Не можев да верувам, но така се случи. Немате поим колку е тоа нечовечки, навистина нехумано, заклучи Лавров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.