Канадските власти се обврзани или да го екстрадираат нацистот Јарослав Хунка (98) или самите да му судат, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков додаде дека Русија би сакала да види меѓународна реакција на аплаузот на канадскиот парламент, со кој пратениците и премиерот на таа земја, Џастин Трудо, заедно со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го поздравија стариот нацист, чие појавување ја вознемири јавноста.
Фактот што Зеленски му аплаудираше на член на СС дивизијата само уште еднаш ја потврдува нацистичката идеологија на Киев, додава тој.
Кремљ посочува дека „е јасно дека се работи за нацист“ и дека поради тоа злосторствата што ги извршил за време на Втората светска војна немаат „датум на истекување“.
Информациите што ги објави американскиот новинар Сејмур Херш за нападот на Северен поток „се совпаѓаат со она што го имаат руските специјални служби“, изјави денеска Песков, коментирајќи го минатогодишниот инцидент, кој се случи на 26 септември 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.