Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков зборуваше за информациите на „Њујорк Тајмс“ дека генералот Сергеј Суровикин знаел дека се подготвува бунт од групата „Вагнер“ и дека го поддржува Евгениј Пригожин.

Коментирајќи ги негативните најави за заменик командантот на руските вооружени сили во Украина, генерал Сергеј Суровикин, Песков рече дека тоа се шпекулации и озборувања.

Сега ќе има многу шпекулации, озборувања и слично за овие настани. Мислам дека ова е еден од тие примери – рече Песков, одговарајќи на прашањето на новинарот да ги коментира информациите што се појавија во медиумите дека генералот Суровикин наводно знаел за плановите на Пригожин да започне бунт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.