Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, тврди дека руските сили не целеле станбени згради во неодамнешниот масовен ракетен напад врз украински цели, што беше извршен во саботата.
За потсетување, во саботата проектил погоди станбена зграда во источниот украински град Днипро, при што загинаа најмалку 35 лица, меѓу кои и деца, а беа повредени повеќе од 80 луѓе.
Се верува дека уште 35 лица се под урнатините на уништената зграда.
„Ситуацијата во Днепар е резултат на акциите на украинската противвоздушна одбрана“, изјави денеска Песков, без да обезбеди докази за своите тврдења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.