Руската влада ќе ги смета за непријателски сите земји кои ѝ воведоа санкции на Русија, изјави портпаролот Дмитри Песков.

Судејќи според мерките што многу земји ги презедоа против нас, тие сега де факто се непријателски. Без разлика дали се наоѓаат на листата или не“, изјави Песков.

Минатата година, руската влада објави листа на непријателски држави и во прв момент на неа се најдоа само САД и Чешка.

Од почетокот на инвазијата на Украина, голем број држави воведоа санкции за Русија, вклучувајќи ги целата Европска Унија, Велика Британија, Швајцарија, Јапонија, Австралија и Тајван. Песков призна дека руската економија е силно погодена од санкциите на западот.

Руската економија моментално трпи сериозни удари. Но, постои одредена сигурносна граница, има планови, се преземаат мерки. Економијата ќе остане на своите нозе“, кажа портпаролот на Кремљ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.