Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија никогаш не ги прекршила меѓународните конвенции за употреба на забрането оружје.

Русија никогаш не ги прекршила меѓународните конвенции – рече Песков, коментирајќи ги обвинувањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот на Кремљ ги обвини САД за политика насочена кон изолација на Русија, оценувајќи дека таквиот пристап е неефикасен.

Песков рече дека не гледа сериозни последици во случај Русија да излезе од Г20, за чие исклучување се залага американскиот претседател Џо Бајден.

„Форматот Г20 е важен, но во сегашни услови, кога огромното мнозинство е во економска војна со нас, ништо смртоносно нема да се случи ако излеземе“, истакна Песков, додавајќи дека „светот е многу поинаков од САД и Европа“.

Песков рече дека „романтичниот период“ во односите меѓу Русија и НАТО е завршен и ја обвини Алијансата дека е создадена како „инструмент за конфронтација“.

„Така се однесувавме кон НАТО, така се однесуваме и сега“, изјави портпаролот на Кремљ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.