Владимир Путин се уште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателските избори во март 2024 година, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин се уште нема дадено никакви изјави за ова прашање. Изборната кампања се уште не е објавена, рече Песков.
Претседателските избори во Русија се очекува да се одржат на 17 март 2024 година, а одлука за тоа ќе донесе следниот месец Советот на Федерацијата, Горниот дом на парламентот.
Според руските закони, Путин има право да се кандидира за уште еден мандат.
Претходно денеска Ројтерс објави дека Путин одлучил да се кандидира на изборите во март, кои потенцијално би му овозможиле да остане на власт најмалку до 2030 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.