Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со лидерот на приватната армија Вагнер, Евгениј Пригожин неколку дена по неговиот бунт, изјави денеска портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.
Средбата што се одржала на 29 јуни, траела три часа во Кремљ, а учествувале и командантите на Вагнер. На состанокот биле вкупно 35 луѓе.
Песков изјави дека за време на средбата на 29 јуни, Путин презентирал „оценка“ за настапот на Вагнер на бојното поле во Украина и за „настаните од 24 јуни“.
Самите команданти ја претставија својата верзија за тоа што се случи. Тие истакнаа дека се лојални поддржувачи и војници на шефот на државата и врховен командант (Путин) и порачаа дека се подготвени да продолжат да се борат за својата татковина, рече Песков.
Платениците на Вагнер се бореа заедно со руската армија во Украина, но тензиите меѓу основачите на таа приватна армија и руското воено раководство кулминираа на 24 јуни кога Приогожин и неговите борци тргнаа кон Москва.
Бунтот беше прекинат со посредство на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, во чија земја беше договорено Пригожин да оди, но и сега не се знае каде се наоѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.