Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, и е добро познат на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнувајќи дека Руте, како премиер на Холандија, зазел непомирлив однос кон Русија.
Господинот Руте ни е добро познат, тој и претседателот Путин поминаа повеќе од еден час на преговарачката маса, изјави денеска Песков, коментирајќи го назначувањето на Руте за генерален секретар на НАТО, пренесуваат руските медиуми.
Тој истакна дека „некогаш постоела надеж за градење добри, прагматични односи“.
Потоа, знаеме дека Холандија зазеде прилично непомирлив став, став кој целосно исклучува какви било контакти со нашата земја, затоа не мислиме дека ќе се случи нешто значајно ново во политиката на Алијансата, заклучи Песков.
На денешниот состанок на Северноатлантскиот совет, во седиштето на НАТО во Брисел, Јенс Столтенберг му ги предаде овластувањата на новиот генерален секретар на организација Руте.сд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.