Говорејќи во пресрет на состанокот на контакт групата за помош на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија, Столтенберг нагласи дека откако ќе заврши војната во Украина, Киев мора да има сили за да спречи нови напади, пренесе Ројтерс.
Одбранбените лидери на НАТО и партнерските земји се собраа денеска во Рамштајн за да ѝ пружат дополнителна воена помош на Украина.
„НАТО ја покажува својата агресивна природа и ја продолжува својата политика на приклучување на Украина во НАТО блокот“, изјави Дмитриј Песков портпаролот на Кремљ.
„Имаме работа со агресивен блок кој посегнува по нашата безбедност“, изјави Песков.
„И претседателот Путин зборуваше за тенденциите на блокот да се прошири кон исток, поради што беше започната специјалната воена операција, а таквите изјави само потврдуваат дека одлуката да се започне специјалната операција била правилна, бидејќи се обидуваме да ја обезбедиме безбедноста на Русија“, рече Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.