НАТО де факто интервенираше во украинскиот конфликт, но тоа не влијае на целите на Русија во рамките на воената операција во Украина, бидејќи потенцијалот на земјата дозволува операцијата да продолжи според планираното, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
НАТО де факто веќе влезе во украинскиот конфликт. Но, тоа на ниту еден начин не влијае на сите наши цели и претпоставки, операцијата продолжува и ќе биде доведена до крај“, изјави Песков за телевизијата „Русија 1“.
Песков додаде дека учеството на НАТО во конфликтот ја прави ситуацијата „значително потешка“.
„Веројатно тоа бара наша внатрешна економска и друга мобилизација. Режимот во Киев е едно, а потенцијалот на НАТО е друго. Ова е дополнителен притисок. Но, нашиот потенцијал ни овозможува да ја продолжиме операцијата под овие услови“ – рече Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.