ортпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин „му се заканувал со ракетен напад“ и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.

Не, тоа што го кажа г-дин Џонсон не е точно, туку е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека тоа е или свесна лага, тогаш прашањето е со која цел избрал таква верзија на изјавата, или е несвесна, бидејќи тој всушност не разбрал што му кажал претседателот Путин“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.

Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.