Никој во Русија не ја разгледува идејата за употреба на нуклеарно оружје, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американски „Пи-Би-Ес“.

Тој одговори негативно на прашањето „дали претседателот Владимир Путин претходно сугерирал за употреба на руското атомско оружје“ во случај на вмешување на трета страна во конфликтот во Украина.

Песков, патем, го повтори ставот на официјална Москва за употреба на нуклеарниот арсенал само во случај на закана по опстанокот на Русија.

Но, било каков исход на операција во Украина, секако, не е причина за користење на нуклеарно оружје. Имаме безбедносен концепт кој јасно кажува дека само во случај на закана за опстанокот на државата, во нашата земја, може да користиме и ќе користиме нуклеарно оружје за да ги отстраниме таквите опасности“, нагласи Песков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.