Разработуваме модалитети за плаќање на рускиот гас во рубљи, но можеме со апсолутна сигурност да кажеме дека Русија дефинитивно нема да испорачува гас бесплатно, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Процесот на набавка е многу, многу комплициран. Ова не е купување производ во продавницата каде што купувате и плаќате на каса, значи ова е испорака, плаќање, балансирање, ова е процес кој трае“, рече Песков, а пренесува РИА Новости.

Песков прецизираше дека за ова прашање се разговара меѓу ресорите и Гаспром.

Ќе биде поставена јасна временска рамка“, додаде тој.

Запрашан како Москва би постапила доколку Европа одбие да го плати гасот во рубљи, Песков рече дека „факт е дека Русија нема да испорачува гас бесплатно“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.