Руската војска во Украина напредува побавно отколку што очекуваше Москва, изјави висок претставник на Пентагон.

„Тие се соочуваат со поголем отпор отколку што очекуваа. Руските сили не напредуваат толку брзо колку што мислеа дека ќе напредуваат. Добар показател за тоа е фактот што тие сѐ уште немаат освоено ниту еден голем град“, изјави претставник на Пентагон на брифингот со новинарите.

Изворот, сепак, забележува дека Русите сè уште не ангажирале голем број војници во инвазијата, кои „ги распоредиле долж украинската граница“.

Владата на САД верува дека Русија има повеќе од 150.000 војници околу Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.