Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијалната закана од Иран, изјави денеска портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пет Рајдер.
Во соопштението се наведува дека министерот за одбрана Лојд Остин добил извештаи и му дал насоки на својот тим за најновите случувања на Блискиот Исток во текот на викендот.
„Остин и претставници на Министерството за одбрана се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и намалување на тензиите преку одвраќање и дипломатија“, соопшти Пентагон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.