Температурата не се спушта под 43 степени Целзиусови 31 ден по ред во Феникс, главниот град на Аризона. Рекорди за температура се забележани низ целата земја. Топлотниот бран низ САД усмрти десетици луѓе.
Јули беше толку топол што научниците предвидуваа дека ќе биде најтоплиот месец досега, а Светската метеоролошка организација и Службата за климатски промени на ЕУ го прогласија за рекордно топол месец, пренесува Voice of America. Шумски пожари беснеат низ САД, а жителите се евакуирани во некои делови од земјата.
– Едноставно кажано – топлината убива. Кога ќе започне топлотен бран, првите жртви се случуваат во рок од 24 часа – вели Кристи Еби од Универзитетот во Вашингтон.
Во Феникс се очекуваат невреме кои би можеле малку да ја намалат температурата, но тоа ќе биде краткотрајно бидејќи веќе од среда се прогнозира температурата да се искачи до 46 Целзиусови степени.
Феникс има рекордни температури и во ноќните часови, бидејќи 16 ноќи по ред не се спуштиле под 32,2 степени Целзиусови. Екстремни горештини се забележани и во источниот дел на САД, каде на места се забележани и рекордни температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.