Шаман, пејачот на групата „Пикник“, кој требаше да настапи во трговскиот центар „Крокус“ каде се случи терористичкиот напад, изјави дека ќе плати за погребите на сите жртви, како и за лекувањето на повреден.
Сите ние сме едно големо семејство. А во семејството нема туѓа тага – изјави пејачот познат по своите патриотски ставови.
Видеото на кое вели дека стана вирално на социјалната мрежа „Вконтакте“, каде има повеќе од 600.000 следбеници кои дополнително ги „шират“ неговите зборови.
Народе мој, сите неволји и несреќи отсекогаш ја обединувале нашата земја. Тие ја направија Русија поцврста и посилна. Нема да можат да не исплашат и скршат ниту овој пат – рекол Шаман.
Инаку, никој од музичарите не е повреден. Тие веднаш беа евакуирани од салата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.