Со години низ медиумите кружат приказни за лошата здравствена состојба на рускиот претседател Владимир Путин.

Овие приказни се интензивираа по почетокот на војната во Украина, па често читаме за тоа како Путин наводно има Паркинсонова болест, рак, дека е на тајна хемотерапија, дека ја повредил кичмата откако паднал по скали, но и дека користи за време на патувањата.

Шпекулациите околу Путин не се фокусирани само на неговото здравје. За време на пандемијата на корона вирусот, имаше шпекулации дека е параноичен, дека гради подземни бункери, како и ги принудува луѓето што го посетуваат да поминат низ тунел со УВ светла.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.