Жителите на Париз на референдум ја поддржаа забраната за изнајмување електрични тротинети и скутери. Од жителите на француската престолнина кои учествувале во истражувањето, 89% гласале „за“ забраната, а само 11% се изјасниле „против“.

Сепак, на референдумот учествуваа само околу 7% од оние со право на глас, околу 1,3 милиони луѓе.

Портпаролот на градската влада изјави дека Париз ќе ги смета резултатите од референдумот за обврзувачки, без оглед на излезноста на гласачите.

Благодарам на повеќе од 100.000 Парижани кои го кажаа своето мислење, ова е убава победа за локалната демократија, напиша на Твитер градоначалничката на Париз, Ан Идалго, која ја иницираше анкетата.

Лиценците за работа на компаниите за изнајмување истекуваат на крајот на август и речиси сигурно нема да бидат обновени.

Три компании моментално изнајмуваат околу 15.000 е-скутери во Париз. Невнимателно користење на е-скутери од страна на туристите и жителите, вклучувајќи чести несреќи и хаос на тротоарите, доведе до повици за забрана.

Потенцијалната забрана ќе влијае само на изнајмувањето на скутери. Засега останува дозволено да може да се користат лични скутери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.