Израелските одбрамбени сили(ИДФ), објавија на социјалната мрежа X, мапа на Појасот Газа со две патеки кои Палестинците од северот на енклавата денеска треба да ги користат за заминување на југ, воочи на очекуваната израелска копнена офанзива.
Мапата со натпис на арапски, како и порака на тој јазик, ја објави Авичај Адрае, портпарол на ИДФ.
Последните денови апелиравме да ја напуштитe Газа и да одите јужно од Вади(речна долина) Газа како би биле на сигурно. Би сакал да ве известам дека ИДФ ќе дозволи движење долж назначените патишта без било каква опасност по безбедноста меѓу 10 и 16 часот – навел Адрае.
Тој додал дека Палестинците поради сопствената безбедност треба да го искористат ова кратко време и да тргнат на југ од Беит Ханун до Кан Јунис.
Доколку се грижите за себе и своите најмили, тргнете на југ во склад со инструкциите. Бидете сигурни дека водачите на Хамас се погрижија за себе и дека се сокрија од нападите во регионот, напишал Адрае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.