Четворица министри на словачката Влада од централно-десничарската партија Слобода и солидарност поднесоа оставки на функциите, откако нивната партија побара да го напуштат кабинетот поради судир со другите коалициски партнери, јавија британските медиуми.

Тоа значи дека со овој чекор се изгуби парламентарното мнозинство за поддршка на владата.

Во словачката Влада имаше четворица министри од партијата Слобода и солидарност.

Премиерот на Словачка Едуард Хегер изјави дека владата ќе продолжи да функционира како малцинска, а за промените во кабинетот ќе го информира словачкиот претседател пред да и ги соопшти на јавноста следната недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.