Денес, неколку владини веб-портали паднаа и беа недостапни надвор од Русија. Причината сè уште не е позната, јавува Си-ен-ен.

Меѓу страниците што беа недостапни надвор од Русија беа англиската верзија на официјалната веб-страница на Кремљ и веб-страницата на руската војска.

Според аналитичарот Даг Медори за Си-ен-ен, порталите паднале поради DDOS-нападите на интернет-страниците на руската влада.

Станува збор за еден вид напад во кој веб-порталите се преплавени со голема количина лажен сообраќај, што ја отежнува нивната работа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.