Вредноста на доларот на девизните пазари, во однос на кошницата валути бечежи благ пад, откако минатата недела скокна за 1,7 отсто и, за првпат од јули 2020 година, го надмина нивото од 97 поени.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 97,15 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 97,25 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 115,25 на 115,50 јени.
Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.11665 долари, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 1.11150 долари.

Се очекува ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки во март, првпат од декември 2018 година. Во истиот месец, Централната банка би можела да ја прекине својата програма за купување обврзници, а потоа да почне да ги намалува своите биланси.

До крајот на годината ФЕД би можел да ги зголеми каматните стапки за дури петпати поради високата инфлација.

Оваа недела, сепак, Британската централна банка може да ги зголеми каматните стапки, со оглед на високото ниво на инфлација во таа земја.

Седница ќе одржи и раководството на Европската централна банка, но не се очекуваат промени во монетарната политика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.