Французинот Бернар Арно, претседател и извршен директор на глобалната компанија за луксузни стоки ЛВМХ (Louis Vuitton Moet Hennessy) е најбогатиот човек во светот, откако го презеде првото место од американскиот претприемач Илон Маск, се наведува на веб-страницата на магазинот Форбс.
Според Форбс, богатството на Арно пораснало за 23,6 милијарди американски долари и моментално се проценува на 207,8 милијарди долари.
Илон Маск падна на второто место со неговите компании Тесла и СпејсЕкс кои му овозможија да оствари нето вредност од 204,5 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.