Лидерот на британските конзервативци Риши Сунак и официјално е премиер на Велика Британија. Тој доаѓа на оваа позиција откако Лиз Трус поднесе оставка минатата недела, а нејзиниот претходник Борис Џонсон реши да се повлече од трката за прв човек на Конзервативната партија.

Главниот поддржувач на Риши Сунак во борбата за функцијата премиер на Велика Британија беше неговата сопруга Акшата Мурти.

Риши и Акшата се запознале додека студирале заедно на Универзитетот Стенфорд. Нивната средба била љубов на прв поглед, а за време на студиите ја менувал темата за да може да поминува повеќе време со неа.

Тие се венчаа четири години подоцна, поточно во 2009 година и по тој повод организираа дводневна прослава во Бангалор. Во 2013 година се преселиле во Велика Британија, а две години подоцна Риши станал пратеник за Ричмонд во Јоркшир.

Инаку, Акшата е ќерка на шестиот најбогат човек во Индија, милијардерот Н.Р. Нарајана Мурти, која е ко-основач на успешната ИТ компанија Infosys.

Бабата и дедото на Сунак се родени во провинцијата Пенџаб, во поранешна британска Индија, и емигрирале во Велика Британија во 1960-тите од Источна Африка и дошле во Британија практично без ништо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.