Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека главната цел на руската армија во Украина е безбедноста на цивилното население.

Армијата на Руската Федерација, нашите момци, ќе направат се за ова – рече Песков.

Песков рече дека помошникот на претседателот Владимир Путин Медински ги има сите квалитети да води преговори со Украина.

Како што рече Песков, Кремљ на разговорите нема да ги соопшти позициите на делегациите на Руската Федерација и Украина.

Предлагам да ги почекаме преговорите, не би соопштувал никакви барани позиции и така натаму, на крајот на краиштата, тие преговори да се одвиваат, да речеме, во тишина – рече Песков.

Да потсетиме, украинската делегација утрово со хеликоптер пристигна на местото на средбата на украинско-белоруската граница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.