Сакаат да ни ја одземат слободата на нашата земја, да ни ги одземат бесплатното домување, бесплатните лекови, бесплатното образование, бесплатната храна, говорел Муамер Ел Гадафи во својот последен говор кој се смета и за негов тестамент.

Во името на Алах, Милостивиот. 40 години правев се што можев да им дадам на луѓето куќи, болници, училишта, а кога беа гладни им давав храна. Јас дури и го претворив Бенгази во обработливо земјиште од пустина. Се спротивставив на нападите на тој каубој Роналд Реган, кога ја уби мојата посвоена ќерка. Се обидуваше да ме убие мене, наместо тоа го уби тоа кутро невино дете. Потоа им помогнав на моите африкански браќа и сестри со пари за Африканската унија. Направив се што можев за да им помогнам на луѓето да го разберат концептот на вистинска демократија, каде што народните одбори управуваа со нашата земја. Но, никогаш не беше доволно, како што ми рекоа некои, дури и луѓе кои имаа 10 соби, нови костуми и мебелот, никогаш не биле задоволни, колку и да биле себични, секогаш сакале повеќе“, рече Гадафи.

Гаафи говореше дека е нападнат од најголемата сила во воената историја и оти Обама сака да го убие.

 

„Овој тестамент нека биде мојот глас до светот, дека се спротивставив на крстоносните војни на НАТО, се спротивставив на суровоста, се спротивставив на предавството, се спротивставив на Западот и неговите колонијалистички амбиции и дека застанав покрај моите африкански браќа, мојата вистинска браќа Арапите и муслиманите, како светилник на светлината“.

 

Тој истакнува дека кога другите граделе замоци, тој живеел во скромна куќа и во шатор.

Никогаш не ја заборавив мојата младост во Сирт, не ја трошев нашата национална ризница глупаво, и како Салах ал-Дин, нашиот голем муслимански водач, кој го спаси Ерусалим за исламот, зедов малку за себе… На Запад некои ме нарекоа лудак, но ја знаат вистината, а сепак лажат, знаат дека нашата земја е независна и слободна, дека не е во колонијална контрола, дека мојата визија, мојот пат отсекогаш бил јасен. – Ќе се борам до последен здив да не спаси од слободата, семоќниот Алах нека ни помогне да му останеме верни и слободни“, рече Гадафи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.