Доколку ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика, тогаш Унијата треба да раскрсти со националните вета кога е во прашање надворешна и безбедносна политика, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Коментирајќи ја војната во Украина, тој истакнал дека како никогаш до сега ЕУ притиска да се стави крај на „себичните блокади“ на европските одлуки од страна на поединечни држави членки.

Повеќе не можеме да си дозволиме национални вета, на пример во надворешната политика, ако сакаме и понатаму нашиот глас да се слуша во светот на конкурентски големи сили – изјавил Шолц.

Германскиот канцелар не ги признава обвиненијата дека Германија под негово раководство не е доволно активна во украинската криза.

Како што истакнува, по негови пресметки земјата направила сериозни промени по децении воено воздржување, плус Берлин станал поактивен на дипломатски план.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.