Трамп тврдеше дека војната меѓу Русија и Украина никогаш немаше да започне доколку тој беше претседател и оти  би можел  да го прекине конфликтот.

Фото: ФБ Доналд Трамп

Неодамнешниот извештај на Волстрит журнал, кој цитира три извори блиски до новоизбраниот претседател тврди дека транзициската канцеларија на Трамп разгледува предлог што ќе го спречи Киев да се приклучи на НАТО најмалку 20 години во замена за профитабилни зделки за оружје.

Во меѓувреме, конфликтот би бил запрен со имплементација на голема демилитаризирана зона (DMZ) која ефективно ќе ги замрзне борбите и ќе го принуди Киев да отстапи до 20 отсто од својата територија на Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.